Husamedin Gina
04 Март 2022•Ажурирај: 05 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 389 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 299.049, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 7 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин пријавени се уште 8 лица. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.065.
Институтот за јавно здравје регистрира 749 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 287.127.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 2.857.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.624 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.901.296 тестирања.