Adel Omeragic
05 Септември 2021•Ажурирај: 05 Септември 2021
ПОДГОРИЦА (АА) - На Дворскиот плоштад во Цетиње, Црна Гора, утринава интервенираше полицијата и ги раздвои насобраните граѓани во повеќе групи. Фрлано е и солзавец, а неколку граѓани се полесно повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Повеќе илјади граѓани го блокираат патот на влезот во Цетиње, со цел да го спречат поминувањето на колоната возила на Српската православна црква, која за денеска го закажа устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски Јоаникиј. Доцна синоќа Српската православна црква соопшти дека српскиот патријарх Порфириј со архиереите наутро ќе заминат за Цетиње, каде што ќе го устоличат новоизбраниот митрополит црногорско-приморски Јоаникиј.

На блокадата на влезот во Цетиње пристигнаа повеќе стотина полицајци со опрема за разбивање демонстрации. Пристигнаа и багери, како и противпожарни возила. Полицијата бара од насобраните да се разотидат. Издаде наредба насобраните да се разотидат, и дека во спротивно ќе се користат средства за принуда. Повторува дека не е нивна цел да го сторат тоа.
Српскиот патријарх Порфириј и митрополитот Јоаникиј со хеликоптер пристигнаа во Цетиње
Митрополитот црногорско-приморски Јоаникиј и патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј пристигнаа во Цетиње.
Тие од Подгорица до Цетиње беа префрлени со хеликоптер, со силно полициско обезбедување. Ги чуваа припадници на антитерористичката полициска единица.