Orhan Topal,Adnan İdriz
18 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) – Орхан Топал - Аднан Идриз
Република Македонија, која е влезна порта во областа на Западен Балкан, е една од главните рути на припадниците на терористичката организација ФЕТО, кои се во потрага по начини за бегство од Турција по нивниот обид за државен удар на 15. јули минатата година.
Припадниците на организацијата што го изведе крвавиот обид за државен удар во Турција, барајќи начин за бегство од државата, често се обидуваат без виза да влезат во европските земји преку Балканот. Некои припадници на организацијата го избираат овој начин за влез во европските земји, додека некои од нив доаѓаат во европските земји преку училишта, универзитети, здруженија и преку медиумите кои се дел од структурата на ФЕТО на Западен Балкан.
Во прв ред меѓу овие земји е Македонија, во која фирмите поврзани со ФЕТО дејствуваат во областа на образованието, транспортот, трговијата, здравството и во туризмот. Од средината на 90-тите години, во Македонија дејствуваат институции како училишта, здруженија, весници, невладини организации, кои се поврзани со ФЕТО. По обидот за државен удар, Македонија стана меѓу фреквентните локации за припадниците на ФЕТО.
Припадниците на оваа организација го користат визното ослободување меѓу двете земји за своите цели, и со тоа слободно влегуваат во Македонија, барајќи начин да добијат дозвола за престој и за работа. Со користење на методите како основање фирма, склучување партнерство со некоја компанија или запишување во некое училиште, припадниците на ФЕТО лесно можат да добијат право за продолжување на рокот на своите дозволи за престој или за работа во оваа држава каде што може да се престојува 90 дена како турист.
Припадниците на ФЕТО изнајмуваат куќи во главниот град на Македонија, Скопје, како и во останатите градови ни земјата, како Гостивар, Битола, Охрид и Маврово, кој е познат ски-центар. Тие се приспособуваат на условите за живот во Македонија и продолжуваат со својот секојдневен живот. Членовите на групата се населуваат во места подалеку од Турците и Албанците и преферираат да живеат во средина каде што мнозинството од населението се Македонци, со цел да не се открие нивниот идентитет.
Иако живеат во друга земја, поради страв излегуваат надвор откако ќе се стемни, и се сретнуваат со другите припадници на организацијата во одредени деловни простории.
- Коридорот за бегство во европските земји
Некои припадници на ФЕТО ги користат западно-балканските земји за премин во европските земји. Припадниците кои ја напуштиле Турција, во областа на Западен Балкан влегуваат преку Македонија, во која престојуваат 90 дена без виза. Неколку дена пред крајот на овој рок, тие преминуваат во некоја од соседните земји.
На овој начин, тие минувајќи низ Албанија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина, доаѓаат во некоја европска земја. Припадниците на ФЕТО кои сакаат да преминат во некоја развиена европска земја, а при напуштањето на Турција да не се дознае нивната дестинација, доаѓаат во Македонија така што се запишуваат како студенти или со основање фирма во земјата, и добиваат дозвола за престој.
Потоа, со добивање Шенген виза од претставништвата на некоја европска земја во Македонија, тие лесно бегаат во некоја од европските земји.
- За да се спречи ФЕТО, потребна е ефикасна борба
Во областа на Западен Балкан сѐ уште не се преземени конкретни чекори во борбата против ФЕТО. Продолжуваат активностите на структурите поврзани со ФЕТО во овој регион затоа што припадниците на ФЕТО се ориентираат кон овие земји, кои ги чувствуваат за блиски. Се оценува дека регионот ќе биде рута за бегство на припадниците на ФЕТО, сѐ додека овие држави, во кои по крвавиот обид за државен удар не е сторено ништо освен осудување на самиот акт, не се координираат со Турција во борбата против ФЕТО.
- Структурата на ФЕТО во областа на Западнен Балкан
Во областа на Западен Балкан дејствуваат 40 училишта кои се поврзани со ФЕТО. Петнаесет од овие училишта се наоѓаат во Босна и Херцеговина, 12 во Албанија, 7 во Македонија, 5 во Косово, како и едно училиште во Србија.
ФЕТО, освен во областа на образованието, туризмот, медиумите и во издаваштвото, привлекува внимание и со своето присуство во јавните установи. Организација ФЕТО преку своите ученици кои ги образува сака да го зголеми бројот на своите припадници и во верските институции.