Ayşenur Sağlam
18 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Турскиот минисер за транспорт, поморство и коминукација, Ахмет Арслан, соопшти дека со потпишаниот договор помеѓу Државниот железнички транспорт на Турција (ТЏДД) и Бугарски железници, на 20 февруари ќе биде пуштена во употреба нова возна линија именувана Истанбул-Софија Експрес, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Арслан за АА истакна дека завршила реконструкцијата на железничката линија Капикуле-Истанбул во должина од 292 километри.
Турскиот министер Арслан потсетувајќи дека минатата година започнала работата на железничката линија Халкали-Истанбул, соопшти дека во рамки на потпишаниот договор помеѓу Државниот железнички транспорт на Турција (ТЏДД) и Бугарски железници, почнувајќи од 20 февруари во употреба ќе биде пуштен нова возна линија именувана Истанбул-Софија Експрес на железничката линија Бугарија-Софија-Истанбул-Халкали.
Министерот Арслан истакна дека превозот на патници меѓу Турција и европските земји се врши со Босфор Експрес, кој секој ден во двата правци сообраќа на линијата Истанбул-Букурешт, и истакна:
„Од 3 јуни 2014 година поради реконструкција на патиштата во регионот Тракија, превозот требаше да се врши со автобуси. Но автобускиот превоз повеќе не е потребен. Заврши реконтрукцијата на железничката линија Капикуле-Истанбул. Со потпишаниот договор помеѓу Државниот железнички транспорт на Турција (ТЏДД) и Бугарски железници донесена е одлуката за пуштање во употреба на еден нов воз на оваа линија. Истанбул-Софија Експрес секој ден ќе патува на линијата Софија-Халкали во двата правци. Овој воз ќе има вкупно 4 вагони. Два од трите вагони кои се во сопственост на Државниот железнички транспорт на Турција (ТЏДД) ќе бидат вагони со легла, третиот вагон ќе биде кушет вагон, додека четвртиот вагон, кој е сопственост на Бугарски Железници ќе биде кушет вагон.“
- Ќе се обезбедат и линии за Белград и за Букурешт
Турскиот министер Арлсан информираше дека во летните месеци на возот Истанбул-Софија Експрес ќе му се додадат и други вагони, со цел да се обезбеди транспорт на линиите Истанбул-Белград и Истанбул-Букурешт. Тој рече дека возот од Халкали ќе тргне во 22:40 часот, а додека возот од Софија ќе тргне во 21:00 часот. Патувањето би требало да трае трае 9 часа и 50 минути.