Zlatan Kapiç
27 Мај 2019•Ажурирај: 27 Мај 2019
ЛИВНО (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција (TBMM) Мустафа Шентоп, кој престојува во посета на Босна и Херцеговина, вечерва во Ливно изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, народот на Турција, и сите во Турција се секогаш покрај Босна и Херцегвина, јавува Anadolu Agency (AA).
Шентоп имаше обраќање пред голем број граѓани присутни на вечерашниот заеднички ифтар одржан во градот Ливно.
„Рамазан ни нуди бројни можности, нашата цел не е вечерва тука заедно да ифтариме, тоа е причина да се соберем и да се дружиме“, истакна Шентоп.
Тој упати благодарност до сите оние кои учестувале во организација на ифтарот.
„Пред сè треба да знаете дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, народот на Турција, сите во Турција се секогаш со вас. Одамна бевме една држава, Осмалиско Царство, по кое останавме разделени на еден подолг период. Сега заедно чекориме кон иднината“, порача Шентоп, додавајќи:
„Ние во секој поглед сме секогаш со БиХ, во политичка, културна и во секоја друга смисла“.
Претседателот на Големото народно собрание на Турција беше придружуван од повеќечлена делегација. Тој денес во Сараево оствари средба со претседавачот со Домот на народите при Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ.
Шентоп во придружба на Изетбеговиќ го посети и гробот на првиот претседател на БиХ, Алија Изетбеговиќ, на гробиштата Ковачи.