Mustafa Talha Öztürk
27 Април 2022•Ажурирај: 28 Април 2022
БЕЛГРАД (АА) - Турција е единствената земја што може ќе се состане и со Русија и со Украина за време на војната, изјави претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Овие разговори не значат усвојување на политиките на овие земји. Како Турција, ние сакаме конфликтот да заврши. Сите ја ценат Турција во моментов. Денеска генералниот секретар на ОН се сретна со нашиот претседател пред да се сретне со [рускиот претседател Владимир] Путин. Која е причината за ова? Ако ги следите правилните политики и ако застанете зад нив, ќе добиете резултати“, рече Шентоп за време на неговата официјална посета на Босна и Херцеговина.
Тој зборуваше за време на ифтар во Културниот центар „Травник“ во истоимениот град.
Шентоп истакна дека зачувувањето на мирот и стабилноста во Европа и на Балканот е од големо значење за Турција.
„Имаше многу тешки и многу болни моменти во оваа географија. Како Турција, застанавме покрај нашите браќа овде во рамките на средствата што ни беа достапни во тоа време. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа во Босна и Херцеговина, и материјално и морално, денес и отсега натаму. Има заеднички врски, особено верата, кои нè поврзуваат. Кога станува збор за Босна во Турција, срцето на Турција чука со вас“, рече тој.
Шентоп во главниот град Сараево се сретна со членовите на Колегиумот на Претставничкиот дом и Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина.
Тој потоа беше примен од членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.