Ekip
05 Октомври 2018•Ажурирај: 06 Октомври 2018
ЈОХАНЕСБУРГ (AA) - Властите во Јужна Африка го истражуваат судирот на двата воза во кои се повредени повеќе од 300 луѓе, од кои 32 сериозно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Судирот се случи во четвртокот вечерта во предградието на Јоханесбург, кога воз удри во друг воз кој беше стациониран. Работниците на железницата во петок работеа на расчистување на подрачјето.
Железничките несреќи во комерцијалниот центар на Јужна Африка, во последните месеци станаа загеижувачки вообичаени.
Два воза се судрија во предградието на Јоханесбург минатиот месец, а повредени се стотина луѓе, без посериозни последици. Во јануари повеќе од 200 луѓе се повредени во предградието кога воз удри во друг воз кој запре на пруга поради технички проблеми.