Ömer Kılıç
20 Мај 2017•Ажурирај: 21 Мај 2017
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Во Јужна Африка се случи експлозија во рудник кој пред извесно време бил затворен, но незаконски повторно почнал со работа. Засега се знае дека во несреќата животот го загубиле најмалку 31 рудар, јавува Anadolu Agency (AA).
За допиникот на АА во Јужна Африка, изјава даде портпаролот на провинцијата Велком. Тој соопшти дека се во тек спасувачките активности во рудникот кој е во сопственост на компанијата Harmony Gold.
„Досега ги извлековме телата на 31 рудар и приведовме 27 рудари кои незаконски работеле во рудникот”, изјави портпаролот на провинцијата Велком.
Портпаролот изјави дека полицијата земала изјави од 27 рудари кои излегле од рудникот, додавајќи дека овие изјави ќе бидат користени во рамките на истрагата.
Тој потврди дека приведените рудари се соочуваат со обвинување за незаконско работење во рудник.
Експлозијата во рудникот се случи во средата и тогаш според првичните информации беше соопштено дека бројот на загинати изнесува 29 рудари.
Во Јужна Африка, која е најголем производител на злато и платина во светот, поради намалувањето на рудното богатсво, постојат голем број рудници кои се напуштени од страна на големите компании.
Воглавно мигрантите кои доаѓаат од соседните земји, трагајќи по злато, ги ризикуваат своите животи влегувајќи во овие рудници кои се забранети за експлоатација.