Ömer Kılıç
17 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Претставникот на Советот за мир и безбедност на Африканската унија, Кетрин Мванги изјави: „Потребно е африканските земји двојно да ги зголемат своите напори во борбата против тероризмот во одредени подрачја на континентот, јавува Anadolu Agency (AA).
Пан-африканскиот парламент (PAP) со седиште во Јужна Африка, во рамките на 5. седница организираше сесија на темата „Теророт во Африка, мирот, војната и безбедноста“.
Мванги на организираната сесија зборуваше за порастот на теророт во Африка, истакнувајќи: „Продолжува да се зголемува теророт во Африка. Потребно е африканските земји да вложат поголеми напори за да се стави крај на судирите и теророт на континентот“.
Мванги посочи дека во голем број земји од африканскиот континент активни се терористичките групи и додаде: „Продолжуваат судирите во Чад, Камерун, Нигер, Нигерија. Земјите како Сомалија, Кенија и Мали се цел на терористичките организации“.
Мванги истакна дека Африка и светот мораат да покажат големо трпение во борбата против теророт. „Потребно е да ги зголемиме нашите напори против теророт и да покажеме поголемо трпение во борбата против тероризмот. Мораме да имаме сеопфатен пристап во борбата против тероризмот. Потребно е повеќе да работиме на откривање на основните причини на насилството, екстремизмот и радикализмот“, рече Мванги.