Muhammed Ali Gürtaş
22 Јули 2018•Ажурирај: 23 Јули 2018
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Сериозни предупредувања за протекционистичките трговски политики беа изразени на состанокот на министрите за финансии на Г-20 и гувернерите на централните банки, изјави денес турскиот министер за трезор и финансии во главниот град на Аргентина, јавува Anadolu Agency (АА).
Во интервју за АА, Берат Албајрак истакна дека Самитот се одржува во период кога трговските биланси се редефинирани, а глобалната економија се соочува со тежок тест за зголемениот протекционизам.
„Протекционистичките трговски политики најверојатно ќе предизвикаат нови проблеми, како во продуктивноста, така и на полето на производството и вработувањето“, рече тој.
„За нас, ова беше значаен и круцијален состанок, вклучувајќи ја и интензивната економска дипломатија“, рече Албајрак, потенцирајќи дека имал билатерални разговори со свои колеги од САД, ЕУ, Кина, Германија, Франција, Бразил, Јужна Кореја, Индонезија и од други земји.
„Во оваа смисла, Самитот на Г20 беше исклучително плоден, исполнет со силна комуникација“, нагласи министерот.
Истакнувајќи ја домашната, регионалната и глобалната економска политика на Турција, Алгајрак потенцираше дека Турција покажала како да се спроведуваат заемни, активни, динамични и политики базирани за добробит на двете страни, благодарение на проектите спроведени до денес.
„Турција ќе доживее многу помоќен период во кој нема да го проживее она што го проживеа во минатото; со нова развојна програма, со буџетски план и макропрудентни политики“, рече тој.
Албајрак истакна дека во текот на една сесија имал можност да ја објасни приказната за развојниот и успехот во трансформацијата на Турција, и како главен оратор да говори за турските инфраструктурни инвестиции, кои во текот на изминатите 15 години се проценуваат на над 400 милијарди долари.