Zeynep Duyar
15 Септември 2016•Ажурирај: 16 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - ЗЕЈНЕП ДУЈАР - Корнилија Маер, претседателка на ЛБВ Друштвото за управување со средства со седиште во Лондон, изјави: „Откако Иран ќе влезе на светскиот пазар, единствениот пат за транспорт на природниот гас и нафтата до Европа е преку Турција“.
Маер за дописникот на Аnadolu Аgency изјави дека поради својата геополитичка позиција, Турција е една од водечките земји во светот за транспорт на енергија.
Таа истакна дека 5 отсто од вкупното светско производство на сурова нафта се транспортира преку Турција и додаде: „Откако Иран ќе влезе на светскиот пазар, единствениот пат за транспорт на природниот гас и нафтата до Европа е преку Турција“.
Со воведување на вистинска регулатива и со преземените ризици, Турција ќе може да го земе соодветниот надоместок, истакна Маер и додаде: „Поради вашата геополитичка позиција, никој не може да ве заобиколи“.
Посочувајќи дека Турција е на пат да биде енергетски центар, Маер даде своја проценка за регионот.
„Турција е една од земјите со најголем транспорт на енергија во светот. Турција има многу важна позиција и потребна е стабилност во регионот за да може да оствари поголема трговија“.
Маер изјави дека Турција има потенцијал да постигне многу работи во регионот, но претходно, потребно е да се намалат тензиите во регионот.
„Турција има светла иднина. Вие, помагајќи ѝ на Сирија да се изгради одново, можете да бидете земјата што ќе ја транспортира енергијата кон западните земји по отворањето на Иран на светскиот пазар“, рече Мајер.
- „Се очекува драстичен раст на цената на нафтата во 2018 година “ -
Корнилија Маер зборуваше и за состанокот на ОПЕК, кој од 26 до 28 септември ќе се одржи во Алжир.
Маер смета дека ОПЕК нема да донесе одлука за цената на нафтата. „ОПЕК ги презема одлуките на раководството. Сметам дека нема да има замрзнување на производството, бидејќи постојат три земји коишто треба да го зголемат сопственото производство на нафта, а тоа се Иран, Нигерија и Алжир. Тие треба да го зголемат производството, бидејќи немаат друг избор. Затоа сметам дека нема да има замрзнување на производството“.
Во врска со цената на нафтата, Маер предвидува дека до крајот на годината, цената на суровата брендирана нафта треба да се движи во рамките од 40 до 50 долари.
Таа смета дека следната година ќе може да се обезбеди рамнотежа во понудата и побарувачката на нафта.
„Ваквата состојба нас ќе нѐ пренасочи кон складираните ресуси. По нивното намалување, ќе имаме зголемување на цената на нафтата. Можеме да очекуваме драстичен раст на цената на нафтата во 2018 година, бидејќи поради ниската цена на нафтата, не се инвестира доволно. Не може да се направи моментален пресврт, тоа е многу долг циклус. Денеска инвестираниот долар, за десет години се претвора во еден барел. Можеме да бидеме подготвени за висока цена на нафтата во периодот од 2018 до 2020 година“, рече Корнилија Маер, претседателка на ЛБВ Друштвото за управување со средства.