Gökhan Ergöçün
29 Јануари 2020•Ажурирај: 30 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“ (Huawei) ќе продолжи со инвестирањата во Турција и нема да биде спречен од глобалните околности, јавува Агенција Анадолија (АА).
„„Хуавеи“ е активен во Турција 17 години и прави важни работи низ земјата“, изјави за АА Лианг Донгбо, заменик-директор за корпоративни работи на „Хуавеи“ Турција.
„Турција е суштински центар за развој на екосистемот Huawei Mobile Services (HMS), кој носи големо значење за компанијата“, изјави Лианг.
Лианг рече дека „Хуавеи“ ги зголеми своите инвестиции на 1 милијарда американски долари за да ги охрабри програмерите да ги објавуваат своите апликации преку платформата HMS.
„Компанијата има за цел да ја охрабри широкораспространетата употреба на паметни телефони, часовници, лаптопи и други производи“, истакна тој.
Лианг рече дека компанијата вработува 1.300 лица во Турција, од кои 90 отсто се турски државјани.
„Во Турција работат над 450 инженери кои се фокусираат на 5Г и вештачката интелигенција, како и на други области“, рече Лианг.