Bayram Altuğ,Ata Ufuk Şeker,Aysu Biçer
21 Јануари 2020•Ажурирај: 21 Јануари 2020
ДАВОС (AA) – Во швајцарскиот град на Алфите, Давос, утре офиијално ќе започне јубијелниот 50. Светски економски форум (WEF) кој ја собира економската, политичката и општествената елита на модерниот свет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Високи безбедносни мерки се преземени и оваа година, како што тоа беше случај и претходно. Веќе е извесно дека форумот во Давос ќе го одбележат протести и јавни собири. Овогодишниот Давос се одржува од 21 до 24 јануари.
Швајцарската војска и полиција строго ги контролираат патиштата и железницата кои водат кон малото место Давос. На поширокото подрачје се поставени повеќе безбедносни очки, каде минувачите се легитимираат.
- Активистите порачаа дека Форумот во Давос е одговорен за климатските промени
Околу 20 километри од Давос на автопат се собраа активисти од бројни швајцарски градови за да го искажат своето незадоволство поради одржување на WEF.
Во текот на протестот кој е одржан во присуство на голем број поплицајци, активистите укажаа на проблемот со климатските промени и порачаа дека за тоа се одговорни и глобалните компании членки на WEF.
„Денес сум тука да кажам дека WEF ја уништува нашата планема, наместо да ја лекува. Целта на WEF беше создавање подобар свет, а тие го прават спротивното", смета активистката Деборах Бугман.
Посебни безбедносни мерки се преземени и поради фактот дека на овогодинешниот форум ќе присуствува американскиот претседател Доналд Трамп.
Организаторите претходно потврдија дека на Формот ќе учествуваат најмалку 3.000 претприемачи, политичари, интелектуалци, активисти и други фунцкионери од вкупно 117 држави.
Главна тема на овогодинешниот Форум ќе биде изградба на усогласен и одлжив свет, а се очекува учество на претседатели и премиери од најмалку 50 држави.
Најавено е и дека во рамките на Форумот ќе бидат одржани околу 400 отворени и затворени сесии а меѓу поканетите гости се и американскиот претседател Доналд Трамп, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Џузепе Конте, шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, шпанскиот премиер Педро Санчез, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, претседателката на Меѓународниот меѓународен фонд (ММФ) Кристиа Георгиева и претседателката на Централната европска банка, Кристин Лагард.
Давос е швајцарско градче во Алпите во кое живеат околу 11.000 жители. Местото вистинската слава ја стекла пред повеќе од сто години во романот „Магичен брег" од Томас Ман, но веќе пет децении е познат како место кое ја собира економската и политичката елита.
Светскиот економски форум пред пет децении го основа Клаус Шваб со цел да го поправи светот во кој живее. На темелот на проектот на Шваб, Давос стана модерен центар на капитализмот.
Давос воедно е и модерно скијалиште во кое во текот на Форумот се во сила максимални безбедносни мерки и во кои не се доаѓа без покани.