Hanife Sevinç,Berk Özkan
12 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција и Европската унија (ЕУ) имаат длабоко вкоренети односи и дека е погрешно да се препушти тие односи да бидат заложник на играта на неколку земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во своето обраќање на церемонијата на отворањето на брана во Газиантеп говореше за пандемијата на коронаврусот (Ковид-19) и за односите со ЕУ.
Тој рече дека ЕУ треба што поскоро да се спаси од притисокот кој ѝ е наметнат од Грција и кипарските Грци.
„Ќе продолжиме решително да чекориме кон нашите цели, не осврнувајќи се на еднострани пристрасни одлуки", рече турскиот претседател.
Говорејќи за пандемијата, Ердоган напомена дека Турција успеала без разорување и масовна беда да се избори со здравствената и економската криза со која дури и развиените земји тешко се носат.
„Во периодот кога целиот свет се бори со пандемијата, не се откажавме од пружањето здравствени услуг, продолживме и со вложувањата", рече Ердоган.
Тој додаде дека мерките преземени против ширењето на коронавирусот ќе бидат постепено укинати, откако ќе се забележи пад на бројот на заразени и починати.
Тој рече дека Турција ќе обезбеди потребна количина на вакцини против Ковид-19 додека не биде спремна домашната вакцина.
„Судејќи според постигнатото ниво во развивањето на вакцината, се надеваме дека нѐ очекуваат подобри времиња", заклучи Ердоган.