Leyla Ataman Koyuncuoğlu
22 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Анталија која е еден од најзначајните центри за производство на домати во Турција, во период од 7,5 месеци оваа година извезе домати во 46 земји од светот, во ведност од 88,3 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците од Унијата на извозници на Западен Медитеран, до кои дојде АА, во периодот 1 јануари – 14 август 2017 година, од Анталија се извезени домати во висина од 88 милиони 304 илјади и 612 долари. Споредено со извозот во истиот период минатата година, забележан е раст од 26,2 отсто.
Производителите на домати од подрачјето на Анталија, во првите 7,5 месеци од оваа година најголем извоз на домати остварија во Белорусија, во висина од 20,3 милиони долари. За разлика од минатата година, забележан е раст од 36,7 отсто.
Втора земја во којашто е остварен најголем извоз на домати е Романија. За разлика од минатата година, годинава е забележан раст во извозот од 61,3 отсто и тој изнесува 18,9 милиони долари.
Трета земја на листата во којашто е остварен најголем извоз на домати е Бугарија, во висина од 9,5 милиони долари, при што годинава е забележан раст во извозот за 37,4 отсто.
Германија, која минатата година за истиот период извршила увоз на домати во висина од 1,4 милиони долари, оваа година остварила увоз на домати во висина од 4,4 милиони долари, што претставува раст од 216,7 отсто.
Извозот во Македонија, Литванија и во Холандија годинава во секоја земја одделно е зголемен за повеќе од 1 милион долари.
Минатата година во Македонија од Анталија се увозени домати во висина од 463 илјади долари, додека годинава е забележан раст од 312 отсто и увезени се домати во висина од 1,9 милиони долари.
Литванија, која лани изврши увоз на домати во висина од 498 илјади долари, годинава има зголемен увоз за 220 отсто, кој изнесува 1,5 милиони долари.
Од Анталија во Холандија минатата година беа извезени домати во висина од 320 илјади долари, додека годинешниот извоз е зголемен за 380 отсто и изнесува 1,5 милиони долари.
Оваа година, Анталија за првпат успеа да извезе домати во Италија, Дубаи, Белгија и во Катар.