Övünç Kutlu
09 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Вредноста на биткоинот и криптовалутите продолжија да паѓа во текот на викендот и денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Биткоинот падна на 33.300 долари утринава, што е најниско ниво од 24 јануари. Додека неговата цена се намали за 1,5 отсто во саботата, тој изгуби дополнителни 4 отсто вчера.
Најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација изгуби 16,1 отсто од својата вредност од средата кога се затвори на 39.690 долари.
Етерум, најголемиот алткоин во светот по пазарна вредност, исто така падна под 2.426 долари, што е најниско ниво од 28 јануари, според официјалните податоци.
Додека етерум падна за 4,4 отсто во саботата, неговата цена изгуби дополнителни 2,9 отсто во неделата. Неговата пазарна вредност се намали за 17,5 отсто од средата кога изнесуваше 2.940 долари.
Од средата кога Федералните резерви на САД ги зголемија своите каматни стапки за 50 базични поени, на пазарот на криптовалути се избришани 290 милијарди долари, бидејќи неговата пазарна вредност се намали за 16 отсто на 1,52 билиони долари од 1,81 билион долари за помалку од една недела, според податоците од дигиталната веб-страница за следење на цените на средствата „CoinMarketCap“.