Благ пораст на цените на нафтата во светот
Меѓународната референтна цена на нафтата од типот Брент утринава изнесуваше 72,98 долари за барел откако цената се зголеми за 0,36 отсто во однос на цената на претходно тргување
ЛОНДОН (АА) - Денес е забележан благ пораст на цените на нафтата во светот поради оптимизмот во контекст на побарувачката во Кина, најголем увозник на сурова нафта во светот, а силниот американски долар го ограничи повисокиот раст на цените, јавува Анадолу.
Меѓународната референтна цена на нафтата од типот Брент утринава изнесуваше 72,98 долари за барел откако цената се зголеми за 0,36 отсто во однос на цената на претходно тргување.
Американскиот референтен бренд West Texas Intermediate (WTI) се тргуваше за 69,67 долари за барел, по растот на цените за 0,39 отсто.
Благиот пораст на цените првенствено е поради оптимизмот за побарувачката во Кина, најголем увозник на сурова нафта во светот.
Светската банка вчера ја зголеми својата прогноза за економскиот раст на Кина во 2024 и 2025 година, што доведе до оптимизам во земјата.
Сепак, зајакнувањето на американскиот долар се одрази на цената на нафтата и го ограничи повисокиот раст на цените.