Ata Ufuk Şeker
01 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
БРИСЕЛ (АА) - Невработеноста во Еврозоната во август, кога продолжи ублажувањето на мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, изнесуваше 8,1 отсто, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Заводот за статистика на Европската Унија (ЕУ) објави извештај за невработеноста во август во Европската Унија и Еврозоната.
Според тоа, сезонски приспособената стапка на невработеност, која во Еврозоната (19 членки) во јули изнесуваше 8 отсто, во август се зголеми на 8,1 отсто.
Стапката на невработеност во ЕУ во јули изнесуваше 7,3 отсто, а во август, 7,4 отсто.
Во споменатиот период, стапката на невработеност во Шпанија изнесуваше 16,2 отсто, во Италија 9,7 отсто, во Франција 7,5 и во Германија, 4,4 отсто.
Бројот на невработени во август во Европската Унија изнесуваше околу 15,6 милиони, од кои над 13,18 милиони во Еврозоната.
Во август во ЕУ регистрирани се 3,32 милиони невработени млади лица на возраст под 25 години, а во Еврозоната, 2,46 милиони. Стапката на невработеност кај младите во ЕУ изнесуваше 17,6 отсто, а во Еврозоната, 18,1 отсто.