Aysu Biçer
30 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
АНКАРА
Извозот на Турција во август изнесувал 12,5 милијарди долари, што претставува пад од 5,7 отсто на годишно ниво, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заводот за статистика на Република Турција (TurkStat) објави дека увозот на Турција во истиот период пораснал за 20,4 отсто, односно на 18,7 милијарди долари.
Надворешнотрговскиот дефицит изнесуваше 6,3 милијарди долари, што е 168,2 отсто повеќе во однос на август 2019 година.
Во август покриеноста на увозот со извоз изнесуваше 66,5 отсто, додека во истиот месец минатата година изнесуваше 85 отсто.
Според податоците на ТуркСтат, во периодот јануари-август оваа година извозот е намален за 12,9 отсто, а увозот за 1,2 отсто.