Derya Gülnaz Özcan
21 Септември 2022•Ажурирај: 22 Септември 2022
АТИНА (АА) - Вработените во јавниот превоз во Атина, главниот град на Грција, започнаа 24-часовен штрајк, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вработените, реагирајќи на новиот Предлог-закон со кој ќе се олесни приватизацијата на секторот, решија да штрајкуваат со образложение дека овој предлог-закон може да создаде нови проблеми во однос на правата на работниците.
Како дел од штрајкот, возилата за јавен превоз како што се автобуси, метро и трамваи престанаа да сообраќаат.
Во утринските часови кога работниците одат на работа, по улиците на главниот град беше забележан густ сообраќај.
Вработените во јавниот транспорт се собраа пред Министерството за финансии за да го искажат своето незадоволство.
Со транспаренти и плакати во рацете, демонстрантите побараа да се повлече Предлог-законот.