Hajer M'tırı
09 Март 2016•Ажурирај: 09 Март 2016
ПАРИЗ (АА) - Франција се соочува со помалку хаотична ситуација во превозот како резултат на еднодневниот делумен штрајк, којшто е дел од општонародните протести поради новиот непопуларен закон за работнички реформа.
Штрајкот организиран од страна на четирите главни синдикати кои ги претставуваат работниците од француската железница, започна вчера а ќе трае до четврток, до 8:00 изутрина.
Возовите и метрото во регионот на Париз се најмалку погодени од штрајкот, бидејќи во функција е еден од три воза.
Половина од брзите возови во истоочна Франција се во функција додека во северниот, западниот и јужниот дел од Франција, само еден од три возови возат.
Меѓународните услужни дејности се делумно погодени бидејќи 20 проценти од Еуростар возовите се откажани.
До средината на денот, се очекува општонародните протести против реформите да земат замав бидејќи младинските и студентски организации како и работничките синдикати упатија повик за протест.
Поради стапката на невработеност во Франција од 10,2 отсто, владата гледа на законот како клучен во справувањето со рекордната невработеност.
„Одговорноста беше моја во овие четири години да преземам одлуки кои ќе им овозможат на младите луѓе поголема стабилност на работните места”, изјави вчера францускиот претседател Оланд во текот на неговата посета на Венеција. „Исто така, мораме да им дадеме можност на компаниите да вработуваат повеќе, да пружат поголема стабилност на работните места за младите луѓе во текот на животот, како и обезбедување флексибилност на компаниите”.
Онлајн петицијата против Ел-Кумри предлог-законот, наречен по министерката за труд Миријам Ел-Кумри, собра над милион потписи, додека анкетата покажа дека седум од 10 луѓе се против предложените измени.