Abdulselam Durdak
28 Февруари 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
ФРАНКФУРТ (АА) - Аеродромите во Германија минатата година оствариле рекорден промет од вкупно 111,9 милиони патници, јавува Anadolu Agency (AA).
Заводот за статистика на Германија соопшти дека германските аеродроми лани забележале пораст на бројот на патниците за 3,4 отсто во споредба со 2015 година, постигнувајќи рекорден промет.
Минатата година од германскиот аеродром полетале 88,2 милиони патници на странските линии, што е за 3,6 отсто повеќе од претходната година, додека пак на националните авионски линии полетале 23,7 милиони луѓе, што е за 2,8 проценти повеќе во однос на претходната година.
Најмногу патници од германските аеродроми патувале во Шпанија, а најголем пораст на бројот на патници минатата година беше постигнат со летовите до Тајланд, и тоа за 26,3 проценти.