Besar Ademi
28 Февруари 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) – ТАВ Македонија и „Визер“ промовираа три нови линии од Скопје за Малта, Рим и за Ваксјо (Шведска), почнувајќи од 14. и 16. јуни оваа година, со авиобилети со ниска цена. Во меѓувреме, двете компании информираа дека бројот на превезените патници во и од Македонија достигна до 3 милиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Продажбата на картите за новите 3 воздушни линии почнува од денес, со цени од 1.799 денари, додека за сите резервации што ќе се направат до полноќ, за 27 дестинации од Скопје ќе имаат 20% попуст. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој, рече дека овие нови воздушни линии ќе ги интензивираат актуелните воздушни линии.
„Овие три воздушни линии се атрактивни дестинации барани на пазарот, и ќе биде вистинско достигнување во контекст на проширување на нашата мрежа на воздушни линии од двата аеродрома во Македонија“, рече Ерсој.
Директорот за корпоративни работи на „Визер“, Оувен Џонс го најави четвртиот авион кој ќе се базира во Скопје, што според него, е дополнителна инвестиција во Македонија од 99 милиони евра и исто така е можност за отворање на директни работни места. Како што истакна тој, со ова, вкупниот број на вработени луѓе во „Визер“ во Скопје изнесува 150 лица.
„Нашата инвестиција во Скопје ќе ја поттикне туристичката и хотелската индустрија и ќе ги зајакне односите за бизнис во Македонија“, изјави Џонс.
Од друга страна, министерот за транспорт и врски на Македонија, Владимир Мисајловски истакна дека Владата постојано спроведува успешни политики со цел за обезбедување широка мрежа за воздушни политики, кои што според него, даваат конкретни резултати.
„Визер“ има понуди за 29 воздушни линии во 13 земји, од двата аеродрома во Македонија, во Скопје и Охрид, вклучувајќи ја и воздушната линија Скопје – Будимпешта, којашто почнува од месец април оваа година.