Şenhan Bolelli
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
МАДРИД
Неодамна зголемувањето на случаите на новиот тип на коронавирус во Шпанија почна да влијае врз туристичкиот сектор, движечката сила на еконоијата на таа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новиот удар за шпанскиот туризам се новите мерки што ги презедоа некои земји со цел спречување на ширењето на коронавирусот и чувањето на здравјето на своите граѓани. Некои земји, како што се Велика Британија, Белгија, Франција, Холандија и Норвешка, на своите граѓани не им препорачуваат патување во Шпаннија.
Овие земји воведоа и мерки, според кои, доколку нивните граѓани и покрај препораката патуваат во Шпанија, на враќање ги чека 14-дневен карантин.
„Exceltur“, здружение на вработени во туристичкиот сектор во Шпанија, предупреди дека одлуките на некои земји поради зголемувањето на случаи на заразеност со Ковид-19 ќе имаат силно влијание врз шпанскиот туризам.
Потпретседателот на „Exceltur“ Хозе Луис Зореда изјави дека туристичкиот сектор би можел во август и септември да претрпе загуба од 8,7 милијарди евра, во однос на претходната година.
Зореда изјави дека на Балеарските и Канарските острови и во Валенсија многу е мал бројот на новозаразени и побара од шпанската влада да преземе мерки за заштита на интересите на земјата во секторот на туризмот.
Во меѓувреме, Ким Тора, претседтелот на каталонската влада, подрачје каде се регистрирани новозаразени со Ковид-19, изјави дека се наоѓаат во „критичен период“ и ги повика Каталонците да се придржуваат на мерките против коронавирусот.