Havva Kara Aydın,Ali Murat Alhas
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
АНКАРА
Во Турција денес се потврдени 982 оздравени лица од Ковид-19, со што вкупниот број на оздравени се искачи на 210.469, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство, Коџа на Твитер објави дека вкупно 919 лица се заразиле со Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени се искачи на 227.019.
Тој изјави дека бројот на пациентите на интензивна нега се зголемил во последните три дена во Истанбул, главниот град Анкара, централна Коња, јужен Газиантеп и источната област Дијарбакир.
„Во последните три дена немавме пациенти на интензивна нега во 21 област“, изјави тој, додавајќи дека најмалку зголемен број на пациентите на интензивна нега бил регистриран во централен Сивас, југоисточните области Испарта и Мугла, западен Баликесир и северноисточната област Бајбурт.
Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 5.630, а во текот на изминатите 24 часа се пријавени 17 нови жртви.
Здравствените работници извршије повеќе од 45.283 тестирања за Ковид-19 последното деноноќие, со што вкупниот број на направени тестирања изнесува над 4,6 милиони.
Пандемијата на Ковид-19 одзеде речиси 650.000 животи во 188 земји и региони. САД, Бразил и Русија моментално се најлошо погодени земји во светот.
Во светот се пријавени 16,32 милиони случаи на заразување на Ковид-19, а бројот на оздравени надмина 9.43 милиони, покажуваат податоците собрани од американскиот универзитет Џон Хопкинс.