Övünç Kutlu
10 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Деловнот успех на "Turkish Airlines" стана тема на проучување на престижниот Харвард Бизнис колеџ, јавува Anadolu Agency (AA).
Трансформацијата на "Turskih Airlines" од национален и регионален во глобален актер на меѓународниот воздухопловен сообараќај и брзиот профитабилен раст на таа компанија, на студентите на Универзитетот Харвард им се претставени во наставната единица „Прошири го својот свет”.
Предавачите Хуан Алкасер и директорот на Истражувачкиот центар на овој бизнис колеџ во Истанбул, Есел Чекин, истакнаа дека турската компанија планира зголемување на бројот на патници и своите капацитети за седум отсто во текот на оваа година и плански да го продолжи растот во текот на следните 20 години во текот на кои се очекува бројот на патници, кои патуваат со авион на релации од Европа и Америка кон Блискиот Исток и Азија, да биде утростручен.
Вчера на студентите на Харвард во Бостон за развојот на компанијата говореше и извршниот директор на "Turskih Airlines" Темел Котил.
„За кратко време успеавме од национална компанија да прераснеме во глобален фактор кој опслужува 113 земји ширум светот и исклучително сум почестен со можноста за тој успех и за нашиот пат да разговарам со брилијантни млади умови од Харвард”, кажа Котил.
Во разговорот со новинарот на АА, Котил кажа дека 2004 и 2006 година биле клучни за големиот деловен напредок на "Turskih Airlines" и дека тогаш е искористена геополитичката положба на Истанбул како поврзувач за трансфер на патниците од Европа, Азија и Африка.
„Воведувањето на 24-те нови меѓународни линии во 2004 година ја променија нашата судбина. Оттогаш го зголемивме бројот на транзит патниците од милион на 14 милиони. За нас сè се промени и по приватизацијата во 2006 година”, рече Котил.
Потсетувајќи дека "Turskih Airlines" во 2014 година беше 13-та, минатата година 11-та авиокомпанија во светот, Котил рече дека очекува оваа година да заврши на осмо место и дека моменталната цел на компанијата е да го зголеми бројот на линиите во Америка и Азија.
Спонзорството на јубилејниот 50-ти американски "Super Bowl", на филмот "Batman v Superman“ се показатели на сериозна намера на "Turskih Airlines" да го зајакне брендот во САД и во Азија.
„Во ,Turkish Airlines' секој ден мора да имате нов сон”, рече Котил и додаде дека таа компанија моментално е втор најсилен бренд меѓу сите авиокомпании во светот, веднаш по "Fly Emirates".