Talha Öztürk
26 Мај 2016•Ажурирај: 28 Мај 2016
БЕЛГРАД (АА) - Боинг 777 на турската авиокомпанија Turkish Airlines со 300 патници и членови на екипажот непланирано слета на аеродромот „Никола Тесла” во Белград, откако во авионот беше пронајден мобилен телефон чиј сопственик е непознат, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на АА и претставниците од аеродромот „Никола Тесла”, патничкиот авион на летот Истанбул - Лондон го напуштил аеродромот Ататурк во Истанбул во 8:34 часот по локално време.
За време на летот, екипажот пронајде мобилен телефон, по што пилотот го контактирал аеродромот „Никола Тесла” за принудно слетување.
Летот TK1979 слета во 11:15 часот по турско време.