Fatjon Cuka
09 Февруари 2016•Ажурирај: 10 Февруари 2016
ТИРАНА (АА) - Министерството за финансии на Албанија, заедно со УСАИД и Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа организираат семинар со тема "Најдобри практики на локалното финансиско законодавство: Искуството на Источна Европа и предизвиците со кои се соочува Албанија", јавува Anadolu Agency (AA).
На овој настан присуствуваа финансиски експерти од регионот на Југоисточна Европа и разговорите се фокусирани во неколку области: приходите од даноци и такси, условните и безусловните трансфери, локално задолжување, локалниот буџет и финансиски менаџмент и соработката меѓу двете нивоа на власта,како и други поврзани теми.
Eнеа Хоти, советник на државниот министер за локална самоуправа на Албанија за време на своето обраќање истакна дека земјата во изминатиот период преземала длабок и значаен процес на децентрализацијата и реформите на локалната власт.
"Во Албанија, во споредба со другите земји во регионот на Балканот, но и со Европа, односот на локалниот буџет за Бруто Национален Производ (БНП) е помал, но од 2013 година има напредок и раст на овој индикатор" - рече Хоти, меѓу другите.
Додека Наим Исмаили, градоначалник на општина Штиме во Косово, рече дека дискусијата за прашањето на локалните финансии се одвива во речиси сите земји од Југоисточна Европа.
Главната цел на дводневниот состанок организиран во форма на семинар е да се обезбеди слика за тоа како земјите од Источна Европа имаат регулирано овие прашања во нивните закони и кои се најефикасните решенија и препораки за добро за Албанија.
Мрежата на асоцијации на локалните власти на Југоисточна Европа ја промовира регионалната соработка помеѓу 15 локални здруженија на локалната влада, вклучително и на Здружението на албанските општини.