Gülbin Yıldırım
30 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп потпиша договор за соработка со американскиот производител на клима уреди Кериер, со цел да се спречи отпуштањето на речиси илјада работници од таа фабрика, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата на компанијата „Кериер“ на социјалната мрежа Твитер ја потврди информацијата за постигнатиот договор, кој ќе го спречи претходно најавеното сценарио за отпуштањето на скоро илјада работници во двата производни погони во Индијанаполис.
„Задоволни сме што постигнавме деловен аранжман со новоизбраниот претседател Доналд Трамп и новоизбраниот потпретседател Мајк Пенс, за што повеќе детали ќе објавиме во наредниот период“, се наведува во соопштението на компанијата „Кериер“.
Паралелно со тоа, американските медиуми јавуваат дека голема улога во постигнувањето на договорот одигра новоизбраниот потпретседател Пенс, кој е актуелен гувернер на сојузната држава Индијана.
Аналитичарите тврдат дека постигнатиот договор во согласност со предизбоното ветување на Трамп, дека ќе работи на поттикнување на индустриското производство и на создавањето нови работни места во тој сектор.
Постигнатиот договор е важен и како показател дека Трамп ќе ја продолжи соработката меѓу американската администрација и компанијата „Унајтед технолоџис“, која е сопственик на „Кериер“ и е една од најголемите американски компании во областа на одбраната.
Управата на „Кериер“ во февруари оваа година најави дека ќе затвори две фабрики во Индијанаполис и ќе ги премести во Мексико, со цел остварување на годишна заштеда од 65 милиони долари. Потегот следеше по намалувањето на деловните резултати, а во Индијаполис без работа би останале близу илјада равотници.
Се чини дека договорот со Трамп на „Кериер“ ќе му донесе даночни олеснувања и поттик кој на крај ќе резултира со продолжување на работата на фабриката во Индијанаполис.