Dilara Zengin Okay
19 Септември 2023•Ажурирај: 19 Септември 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен долг првпат надмина 33 трилиони долари, јавува Анадолу.
Според податоците на Министерството за финансии, американскиот долг достигна 33,04 трилиони долари или 30,9 трилиони евра. Според тоа, во САД кои имаат популација од 331,9 милиони жители, секое лице на должи околу 99.400 долари.
Во моментите додека Конгресот се обидува да донесе нов привремен буџет на крајот на септември, кога завршува фискалната 2023 година, долгот на Соединетите Американски Држави (САД) се искачи на историски високо ниво.
Мајкл Петерсон, извршен директор на фондацијата „Питер Г. Петерсон“, која работи на решавање на долгорочните финансиски предизвици на Америка, објави дека националниот долг на САД подолг период константно расте.
Тој додаде дека креаторите на политиките треба да се фокусираат на решавање на долгот наместо на партиски борби што не ги решаваат вистинските финансиски проблеми на Американците.