Furkan Naci Top
21 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
АТИНА (АА) - Претседателот на Европскиот стабилизациски фонд (ЕSМ), Клаус Реглинг, истакна дека денес на Грција ѝ се исплатени 7,5 милијарди евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Реглинг, кој оствари заедничка средба со грчкиот министер за финансии, Оклид Цакалотос, во рамките на неговата посета на Атина, изјави дека се реализирала исплатата на нова транша од пакетот за помош на Грција.
Реглинг во својата изјава го го посочи Фондот како институција која доделува најголеми заеми, притоа потенцирајќи дека Фондот ќе продолжи и понатаму да ѝ доделува ниско-каматни кредити на Грција, како што е сегашниот 32 годишен кредит каматна стапка од 0,8 %.
„Не може да кажеме дека не е сторено ништо на оваа тема. Започнавмe со воведување на краткорочни мерки. Доколку е потребно може да дојде до отпишување и на позначителen долг”, истакна Реглинг, потсетувајќи дека Еврогрупата има обрска за отпишување на долгот.
Реглинг потенцираше дека според договореното со кредиторите, примарната стапка на суфицит од 3,5 % за Грција до 2018 година, нема да биде променета.
„И јас треба да се држам до договореното”, истакна тој.
Реглинг најави продолжување на средбите со Цакалотос во врска со отпишување на грчкиот долг до крајот на тековната година.
Минатиот петок, Одборот на Директори на Европскиот стабилизациски фонд излезе со изјава во која се открива одобрувањето на кредитната транша, која ќе ѝ биде доделена на Грција, истакнувајќи дека по извршената регулатива, останатите 2,8 милијарди долари ќе бидат ослободени во септември.