Mahmut Atanur
18 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
ПЕКИНГ (AA) - Заводот за интелектуална сопственост на Пекинг (BIRO) побара од американската компанија Apple да ја запре продажбата на своите телефони од моделот iPhone 6 и iPhone 6 Plus во Пекинг, по обвиненијата на една кинеска компанија дека Аpple ги копира нивните уреди, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според кинеските медиуми, кинеската компанија Beili од Гуангдонг, се обрати на заводот за интелектуална сопственост и покрена тужба против Apple, тврдејќи дека американскиот гигант го копира нивниот телефон од моделот 100C.
Кинескиот завод востанови дека се многу мали разликите помеѓу моделот на Beili 100C и изданијата на Apple iPhone 6 и iPhone 6 Plus, за што му наложи на Apple да ја прекине продажбата на своите модели во Пекинг.
Од друга страна, Apple покрена тужба против Заводот за интелектуална сопственост, барајќи зголемување на ваквата одлука.
Во случајот судот да ја потврди одлуката на кинескиот завод за забрана на продажба на iPhone уредите во Пекинг ќе останат на сила, но таа нема да важи и за останатите кинески градови.
Apple е инаку третата најпродавана телефонска марка во Кина, по Самсунг и Ленова.