Ata Ufuk Şeker
26 Јуни 2018•Ажурирај: 27 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) потпиша договор со четири големи веб-страници за продажба на интернет, за да не се продаваат опасни производи во Европа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Европската комисија соопшти дека е потпишан договор со веб-страниците за електронска трговија, „Amazon“, „Alibaba“, „eBay“ и „Rakuten“, за опасните производи веднаш да се тргнат од продажба.
Овие веб-страници, по барањето на надлежните официјални органи на една земја членка на ЕУ, во рок од 2 работни дена треба да ги тргнат од продажба опасните производи. Овие компании ќе им даваат информации на органите околу преземените чекори во врска со ова прашање.
Веб-страниците ќе утврдат еден отворен пат за да ги известуваат клиентите за опасните производи. Известувањата и предупредувањата тие ќе ги добиваат во рок од 5 работни дена.
Исто така, ќе се спречат и продизводите кои се отстранети од продажба, на друг начин да влегуваат на овие веб-страници.
Од вкупната продажба во ЕУ, преку интернет се остварува околу 20%.