Adem Şalvarcıoğlu
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
ЏАКАРТА (AA) – Со потпишување на заедничка Декларација со која учесниците најавуваат интензивирање на односите помеѓу двата континенти, во главниот град на Монголија, Улан Батору завршен е дводневниот 11. Евроазискки самт (ASEM), јавува Anadolu Agenc (AA).
На официјалната интернет страница на Европскиот сервис за надворешна соработка (EEAS) објавен е текстот на Декларацијата во која се истакнува неопходноста на вложувањето дополнителни напори за да на трагите на досегашните искуства се интензивира соработката помеѓу Европа и Азија.
Во Декларацијата исто така се наведува дека членките на АСЕМ на база на еднаквите статуси треба да работат на унапредување на меѓусобната соработка и вложуваат напори во правец на отворање на нови канали во сите сектори, како и во правец на размена на историски, културни и традиционални вредности.
На Самитот е усвоена и одлуката први март да се прогласи како Ден на АСЕМ и во текот на првата недела од март да се организираат различни манифестации под наслов “Средба на Европа и Азија".
Претседателите на 11 држави, премиери од 23 земји, 13 шефови на дипломатија и претставници на Европската унија и Унијата на југоисточна Азија учествуваа на Самитот во Монголија. Освен нив, учествуваа вкупно 2.500 делегати и претставници на невладин сектор како и повеќе од 700 претставници на медиумите.
Во рамките на Самитот организирани се и форуми за млади, парламентарци и низа различни собири.
АСЕМ е формиран и првиот самит е одржан 1996 година кога организацијата броеше 26 членки, а денес број 53 земји членки.