Necip Fazil Celik
29 Јули 2016•Ажурирај: 30 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Извозот на Турција во земјите од Европската Унија (ЕУ) во јуни 2016 е зголемен за 13,8 отсто во споредба со истиот период минатата година и достигна шест милијарди и 267 милиони долари, соопшти Заводот за статистика на Турција (TUIK), пренесува Anadolu Agency (AA).
Најважен трговски партнер на Турција од ЕУ во периодот беше Германија, во која е извезена стока во вредност од една милијарда и 228 милиони долари.
Во првата половина на 2016 година, вредноста на извозот на Турција се намали за 2,4 отсто во однос на истиот период минатата година и изнесува 71 милијарди 669 милиони долари.
Вредноста на увозот е намалена за 6,7 отсто во однос на првите шест месеци од 2015 година и изнесува 99 милијарди 651 милиони долари, соопшти Заводот за статистика на Турција.