Ekipa
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
ЛОНДОН (АА) - Банкарската групација Лојд најави дека ќе отпушти повеќе од 3.000 работници и ќе затвори 200 филијали, поради прилагодувањето на промената на однесувањето на потрошувачите и несигурноста која беше создадена со одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Најавата доаѓа без разлика на фактот дека извршниот директор Антонио Хорта-Oсорио профитот од 2,1 милијарди фунти (скоро 2,5 милијарди евра) во првиот квартал го опиша како силен.
Аналитичарот Латих Калаф вели дека Лојд е повеќе изложени од други банки по напуштање на ЕУ, бидејќи силно е вклучен во британската економија, и гласот за Брегзит крена прашина на несигурност околу иднината на економската перспектива на земјата.