економија

И ЕУ сака да потпише договор за рудно богатство со Украина

- Европските медиуми објавија дека заменик-претседателот на Комисијата на ЕУ, Стефан Сежурн, соопштил дека ЕУ ѝ понудила на Украина договор за рударство со кој и двете страни се во добивка.

Ata Ufuk Şeker  | 25.02.2025 - Обновена : 25.02.2025
И ЕУ сака да потпише договор за рудно богатство со Украина

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ), како и Соединетите Американски Држави (САД), најавија дека сакаат да склучат договор со Украина за рудните богатства, известува Анадолу.

Според вестите објавени во европските медиуми, заменик-претседателот на Комисијата на ЕУ, Стефан Сежурн, објавил дека ЕУ ѝ понудила на Украина договор за рударство со кој и двете страни се во добивка.

Сежурн, кој е одговорен за индустриската стратегија на ЕУ, рече дека страната на ЕУ им претставила „ривалска“ понуда на украинските власти за време на вчерашната посета на еврокомесарите на Киев поради тригодишнината од почетокот на руско-украинската војна.

„Украина може да обезбеди 21 од 30 критични ставки што ѝ се потребни на Европа во вин-вин партнерство (партнерство со добивка за двете страни)“, изјави Сежурн, тврдејќи дека Европа никогаш нема да предложи договор што нема да биде од корист за двете страни.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на месецот изјави дека Украина им должи на САД стотици милијарди долари поради досегашната помош и најави дека сака да склучи договор со Киев, побарувајќи ретки елементи во вредност од 500 милијарди долари.

Трамп најави дека во тек се разговори и со Русија и со Украина за ставање крај на руско-украинската војна и дека украинскиот претседател Владимир Зеленски ќе дојде во Белата куќа оваа или следната недела за да го потпише договорот за благородните елементи.

Украина има широк спектар ретки и значајни елементи и минерали, како што се литиум, титаниум, ураниум и манган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.