Dilara Zengin Okay
14 Јули 2022•Ажурирај: 16 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Индексот на цените на производителот (PPI) во Соединетите Американски Држави (САД) во јуни се зголеми за 1,1 отсто на месечно и 11,3 отсто на годишно ниво, што е над очекувањата на пазарот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за труд ги објави најновите податоци за индексот на цените на производителите за јуни.
Според овие податоци, ППИ во јуни бележи пораст од 1,1 отсто во однос на претходниот месец, иако се очекуваше пораст од 0,8 отсто.
Ова е најголем пораст на ППИ во последните три месеци.
Производните цени се зголемија за 11,3 отсто на годишно ниво во јуни, а пазарите очекуваа производните цени да се зголемат за околу 10,7 отсто.
Индексот на цените на производителот (PPI) е официјална мерка која ги мери просечните промени на цените на производителите во економијата на САД.