Ekip
12 Јули 2017•Ажурирај: 13 Јули 2017
БРИСЕЛ (АА) - Официјалните податоци покажуваат дека индустрискиот сектор во 19 земји од еврозоната во мај забележа раст од 1,3 отсто, што претставува напредок кој ќе придонесе и за раст во другиот квартал од оваа година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за статистика „Евростат“ денес соопшти дека индустриското производство во мај се зголемило за 1,3 отсто. Тоа е раст од 0,3 отсто во однос на минатиот месец, но и над очекуваното зголемување од еден отсто. Воедно се работи за најголем пораст на индустрискиот сектор од ноември минатата година.
Овие податоци се дополнителен доказ дека подобрувањето на еврозоната оваа година навистина зеде замав, а се очекува и зголемување на стапката на раст во тој регион за периодот од април до јуни оваа година, за 0,7 отсто. Првите процени ќе бидат извршени на почетокот од август.