свет, економија

Кинеската економија се зголеми за 5 отсто, постигнувајќи ја годишната цел

Податоците на Националното биро за статистика покажуваат дека бруто-домашниот производ (БДП) се зголемил за 5 отсто во периодот јануари-декември 2024 година во споредба со претходната година.

Esra Tekin  | 17.01.2025 - Обновена : 17.01.2025
Кинеската економија се зголеми за 5 отсто, постигнувајќи ја годишната цел

ИСТАНБУЛ (АА) - Економијата на Кина се зголеми за 5 отсто минатата година и ја достигна годишната цел за раст, покажуваат податоците објавени денес, јавува Анадолу.

Податоците на Националното биро за статистика покажуваат дека бруто-домашниот производ (БДП) се зголемил за 5 отсто во периодот јануари-декември 2024 година во споредба со претходната година.

Овој раст ја достигна проектираната цел на кинеската Влада од „околу 5 отсто“ за 2024 година.

Економијата на Кина претходно забележа стапки на раст од 2,2 отсто во 2020 година, 8,4 отсто во 2021 година, 3 отсто во 2022 година и 5,2 отсто во 2023 година.

И покрај предизвиците, како слабата домашна побарувачка, дефлациските притисоци врз цените, проблемите со локалниот државен долг и продолжениот пад во секторот за недвижности, економијата втора по големина во светот успеа да ја исполни својата цел за раст, иако со тешкотии.

- Раст во последниот квартал - 5,4 отсто

Бирото извести дека БДП се зголемил за 5,4 отсто во последниот квартал од 2024 година.

На годишно ниво кинеската економија се зголемила за 5,3 отсто во првиот квартал, 4,7 отсто во вториот квартал и 4,6 отсто во третиот квартал.

Според податоците, индустриското производство се зголемило за 5,8 отсто во 2024 година, а трговијата на мало, како клучен показател за потрошувачката и домашната побарувачка, се зголемила за 3,5 отсто.

Инвестициите во фиксен капитал, вклучително трошоците за инфраструктура, недвижен имот, машини и опрема, се зголемиле за 3,2 отсто во споредба со претходната година.

Невработеноста изнесувала 5,1 отсто на крајот од 2024 година, што е за 0,1 процентен поен помалку од крајот на 2023 година.

Достапниот приход по жител се зголемил за 5,3 отсто во 2024 година во споредба со претходната година, се наведува во извештајот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın