свет

Францускиот претседател Макрон во Либан, во прва посета по изборот на Аун за претседател

Еднодневната посета е со цел да ги поддржи Аун и мандатарот Наваф Салам

Ikrame Imane Kouachi  | 17.01.2025 - Обновена : 17.01.2025
Францускиот претседател Макрон во Либан, во прва посета по изборот на Аун за претседател

БЕЈРУТ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денес допатува во Бејрут, што е негова прва посета на Либан откако Џозеф Аун е избран за претседател по двегодишниот претседателски вакуум, пренесува Анадолу.

Авионот на Макрон слета на Меѓународниот аеродром „Рафик Харири“ околу 7 часот наутро по локално време, каде што беше пречекан од привремениот премиер Наџиб Микати и голем број официјални претставници, јавија либанските медиуми.

Еднодневната посета е со цел да ги поддржи Аун и мандатарот Наваф Салам. Според француското претседателство, посетата на Макрон има цел „да го зајакне суверенитетот на Либан, да го обезбеди неговиот просперитет и да го зачува неговото единство“.

Понатамошните разговори меѓу Макрон и либанските лидери се очекува да се фокусираат на политичките реформи, напорите за економско закрепнување и зајакнувањето на меѓународната поддршка за Либан.

Аун беше избран за претседател на 9 јануари, по повеќе од две години празно претседателско место поради политички несогласувања.

Тој е избран по разорната израелска воена кампања минатата есен, која го остави Либан да се бори со влошените политички поделби и економските тешкотии.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın