Övünç Kutlu
14 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
ЊУЈОРК (АА) - Поради зголемената неизвесност и падот на цените на стоките, забележан е пораст на нивото на ризик на глобалниот финансиски пазар, објави Меѓународниот монетарен фонд ММФ, во годишниот извештај за финансиската стабилност, јавува Anadolu Agency (AA).
Од фондот наведуваат дека е присутна сè помала сигурност во економскиот раст и сè помала доверба на инвеститорите во стабилноста на финансискиот пазар.
Покрај тоа, нарушувањата на капиталот на глобалниот пазар, посебно на суровата нафта, ја зголемија загриженоста ширум светот, додека загриженоста поради успорување на кинеската економија, исто така, создаде ризици од прелевање на глобалните пазари.
"Ваквиот развој ги влоши финансиските услови, го зголеми кредитниот ризик, ја поремети билансната состојба и ја загрози финансиската стабилност", се наведува во годишниот извештај на ММФ за финансиската стабилност.
ММФ констатира дека процентот на задолжените кинески компании чиј „долг е ризичен” се зголемил на 14 отсто од вкупните долгови на сите кинески компании кои котираат на берзата, што е три пати повеќе во однос на 2010 година.
Фондот предупреди дека нарушувањето на пазарниот капитал може да доведе до продолжено забавување, превирање и до финансиска и економска стагнација во светот.
ММФ им препорачува на политичарите на различни пазари да изградат посилен план за раст базиран на моменталните економски услови.
На напредните пазари им е предложено мерките и прописите да ги земаат од осигурителните компании, додека пазарите во развој да ја зголемат отпорноста против можните глобални превирања поради нивната моментална бавна стапка на раст.