Ekipa
16 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Во канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Париз експлодираше бомба при што едно лице е повредено, соопшти француската полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Француски официјален претставник потврди дека во експлозијата на бомба што се случи за време на отворањето на коверт, немаше поголема материјална штета.
Сè уште не е познато кој го испратил писмото, а полициските експерти се наоѓаат на местото на настанот.
Канцеларијата на ММФ во Париз сè уште не излезе со соопштение во врска со овој настан.
Во Франција сè уште е на сила вонредната состојба, по серијата терористички напади во изминативе две години.