Hajer M'tırı
19 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
ПАРИЗ (АА) - Републиканскиот суд на правдата во Париз ја прогласи за виновна генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард (69) за кривичното дело небрежност, во случајот арбитража во кој пред осум години беше вклучена како министер за трговија и финансии на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Лагард, која поради судењето зеде отсуство од ММФ, како што е наведено од страна на судот, иако е прогласена за виновна, нема да биде казнета, ниту пак ќе ѝ биде отворено криминално досие.
Лагард во 2008 година му исплати сума од 400 милиони евра на францускиот бизнисмен Бернард Taпи, во рамките на долгогодишниот спор меѓу тајкуните и банката „Кредит Лион“ поради продажбата на компанијата „Адидас“, чиј сопственик беше Тапи од 1989 година.
Во 2007 година, Тапи ја довери продажбата на „Адидас“ на банката, која потоа ја тужеше дека во процесот на продажба го оштетила.
Во тоа време, Лагард како министерка за финансии одобри овој судски случај да се реши со арбитража, по што Франција во 2008 година му исплати 400 милиони евра отштета на Тапи.
Таа претходно ги негираше сите обвиненија поврзани со Tапи, блискиот соработник на тогашниот француски претседател Никола Саркози.
Лагард стана челник на ММФ во 2011 година и доби втор мандат во февруари оваа година. Таа е првата жена претседател на ММФ откога организацијата започна со работа во 1944 година.
Француските медиуми претходно напишаа дека доколку биде осудена, Лагард може да добие казна затвор од една година и парична казна од 15.000 евра, а дека на ризик тогаш би била нејзината позиција во ММФ.