Dilara Zengin Okay
19 Јули 2024•Ажурирај: 24 Јули 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Бројот на претплатници на глобалната интернет телевизиска мрежа Нетфликс порасна за повеќе од осум милиони во вториот квартал од оваа година, јавува Анадолу.
Приходите на компанијата во второто тримесечје од оваа година се зголемени за приближно 17 отсто во однос на истиот период минатата година, достигнувајќи 9,6 милијарди долари.
Приходите на компанијата во вториот квартал од минатата година изнесуваа 8,2 милијарди долари.
Нето-профитот на компанијата достигна 2,1 милијарди долари во второто тримесечје, што е зголемување од приближно 44 отсто во однос на истиот период минатата година. Нето-профитот на Нетфликс во вториот квартал од минатата година изнесуваше 1,5 милијарди долари.
Заработката по акција на компанијата се зголеми од 3,29 долари на 4,88 долари во истиот период.
Бројот на претплатници на Нетфликс се зголеми за 8,05 милиони во вториот квартал од оваа година. Бројот на претплатници на компанијата низ светот порасна за 16,5 отсто годишно, достигнувајќи 277,65 милиони.
Објавувајќи ги своите прогнози за третиот квартал од оваа година, Нетфликс наведе дека очекува неговиот приход да биде 9,7 милијарди долари, а нето-профитот да биде околу 2,2 милијарди долари.