Gökhan Ergöçün
15 Јуни 2022•Ажурирај: 21 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - „Нетфликс“ најави дека ќе создаде реално ТВ-шоу базирано на неговата популарна серија „Squid Game“ („Игра на лигњи“), јавува Агенција Анадолија (АА).
Шоуто ќе вклучува 456 вистински играчи кои ќе се натпреваруваат за 4,56 милиони долари.
„Додека тие се натпреваруваат низ серија игри инспирирани од оригиналното шоу, плус изненадувачки нови дополнувања - нивни стратегии, сојузи и карактер ќе бидат ставени на тест додека конкурентите околу нив се елиминираат“, соопшти „Нетфликс“.
Компанијата отвори веб-страница за аплицирање.
„Squid Game“ е игра во која луѓето, кои се длабоко во долгови, се натпреваруваат за пари по цена на нивните животи.