економија

Технолошкиот прекин во светот го поттикна притисокот за продажба на глобалниот пазар

Глобалните пазари забележаа негативен курс по прекините на комуникациите предизвикани од КраудСтрајк во компаниите, банките, Лондонската берза и авиокомпаниите со седиште во САД

Burhan Sansarlıoğlu  | 19.07.2024 - Обновена : 22.07.2024
Технолошкиот прекин во светот го поттикна притисокот за продажба на глобалниот пазар

ИСТАНБУЛ (АА) – Притисокот за продажба на глобалните пазари се зголеми откако американската компанија за кибербезбедност КраудСтрајк (CrowdStrike), која обезбедува услуги на технолошкиот гигант Мајкрософт, претрпе прекин во комуникацијата, што резултираше денес со прекини низ светот, јавува Анадолу.

Глобалните пазари забележаа негативен курс по прекините на комуникациите предизвикани од КраудСтрајк во компаниите, банките, Лондонската берза и авиокомпаниите со седиште во Соединетите Американски Држави (САД).

Лондонската берза се соочи со глобален технички проблем за време на азиската сесија на тргување, спречувајќи објавување вести на платформата.

Продажниот притисок на глобалните пазари се зголеми поради прекинот, покрај геополитичките ризици и падовите на американската берза, што започна со акциите на производителите на чипови и други технолошки фирми.

Со оглед на оваа вест, европските и азиските берзи забележаа продажен тек бидејќи прекинот на комуникацијата ги погоди банките и другите финансиски услуги.

Во исто време, американските индексни фјучерси забележаа хоризонтален курс.

Во светлината на овие промени, индексот FTSE 100 во Велика Британија падна за 0,5 %, DAX во Германија 0,8 %, CAC 40 во Франција 0,4 %, MIB 30 во Италија 0,6 %, а IBEX 35 во Шпанија 0,4 %.

Што се однесува до Азија, индексот Nikkei 255 во Јапонија го затвори денот со пад од 0,16 %, индексот Шангај композит во Кина порасна за 0,2 %, а индексот Коспи во Јужна Кореја се намали за 1 % близу затворањето на берзата.

Во меѓувреме, акциите на КраудСтрајк со кои се тргува на Њујоршката берза паднаа за 18 %, а акциите на Мајкрософт паднаа за повеќе од 2 %.

Дополнително, акциите на австралиската авиокомпанија „Квантас“ паднаа за 1,6 %, токиската „Џапан ерлајнс“ 2,4 %, а на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ 1,5 %.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.