Bahattin Gönültaş
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Иако се предвидува глобалната економија оваа година да ја заврши со раст од 3,5 отсто, светските економии во 2018 година ќе се соочат со нови ризици, јавува Anadolu Agency (AA).
Според проценките кои ги направи новинарот на АА, се предвидува глобалната економија оваа година да ја заврши со раст од 3,5 отсто. Овој процент посочува дека ова може да биде најдобриот перформанс на раст во последните 8 години. За разлика од ова, во наредната 2018 година, глобалната економија ќе се соочи со значајни ризици.

Како најголем ризик за глобалната економија во 2018 година се гледа растечката дипломатска тензија меѓу САД и Северна Кореја, за која постои можност да прерасне во војна. Таква ситуација ќе предизвика застој во трговските линии, снабдувачките синџири и регионалните производствени мрежи во Источна Азија, со што тоа подрачје ќе се соочи со ризик од серизно задолжување, а развојот на американската економија ќе делува врз целиот свет.
Како втор ризик за глобалната економија се гледа кон постоењето на веројатноста САД во вториот квартал од идната година да има зголемување на инфлацијата. При одредувањето на каматната стапка, Банката на федерални резерви (Фед) на САД, го гледа развојот на инфлацијата. Можното зголемување на инфлацијата може да донесе затегнување на монетарната политика на Банката на федерални резерви (Фед) на САД. Тоа што Фед се движи кон забрзано зголемување на каматна стапка, може да предизвика зголемување на државните средства, што од друга страна, може да доведе инвеститорите кои инвестирале на пазарите во развој, да ги продадат тие средства и да купуваат во САД, што се оценува како голем ризик за глобалната економија.
Еден друг ризик, кој се посочува како еден од можните за глобалната економија е најголемата крипто валута Биткоинт, за која постои можност нејзината вредност моментално да девалвира. За биткоинт кој во последно време ги урива рекордите зголемувајќи ја својата вредност, директорите на меѓународните банки и експертите за инвестиции предупредуваат дека треба да се биде „претпазлив”, истакнувајќи дека „балонот кој се дува, на крајот пука”. Постојат предупредувања според кои ненадејниот пад на вредноста на биткоинтот може да ја потресе довербата кај инвеститорите.
Џером Пауел, кој се посочува како кандидат за претседател на Банката на федерални резерви (ФЕД) на САД, е еден од ризиците кои се посочуваат за следната година. Како еден од ризиците за наредната година се посочува кон тоа, дали Пауел при донесувањето на одлуките ќе се фокусира врз економските вредности или не и дали развојот на политичката состојба ќе влијае врз тие одлуки или не.
Позитивните очекувања во САД од подобрување на пазарот и даночните реформи во земјата, потоа ставањето крај на политиката на ЕУ за држење на каматните стапки во негатива, можноста за формирање нова влада во Британија и развојот на настани во периодот на одделување на Кралството на Британија од ЕУ се дел од факторите кои се очекуваат да делуваат врз глобалната економија наредната година.
Покрај ова, се очекува правењето поконкретни чекори од страна на американскиот претседател Доналд Трамп кон неговата посветеност за заштитна трговска полита, да е уште еден од ризиците кои постоеја и оваа година. Се стравува дека Трамп, кој последните денови донесува дискутабилни одлуки, со политиката која ја води, може да поттикне глобална трговска војна, која би можела да ја одвлечка светската економија во рецесија.
Претседателските избори во Русија, намалувањето на растот на кинеската економија, моменталниот пад или раст на нафтата и стоките, крајот на негативната каматка политика која ја спроведува ЕУ, растот на популизмот и нерамноправноста во САД и ЕУ и изборите кои наредната година ќе се одржат во САД, германската најголема банка, Deutsche Bank ги набројува како најголеми ризични фактори врз глобалната економија во 2018 година.
Освен тоа, банката предвидува раст на нестабилноста на пазарите поради високата инфлација и геополитичките ризици, изборите во Италија, претседателските избори во Ирска, и експлозијата на балонот на политиката за домување во развиените земји, меѓу кои се Канада и Австралија, но и во Кина.
Од друга страна, откритијата на специјалниот овластен обвинител Роберт Милер кој ја води истрагата околу случајот за мешањето на Русија во претседателските избори во САД исто така се посочуваат како еден од ризиците кои можат да влијаат врз процесите во 2018 година.