Gülbin Yıldırım
24 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Меѓународниот монетарен фонд (IMF) истакна дека е потребно безусловно простување на дел од грчкиот долг од страна на европските кредитори, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот што го подготви делегација на ММФ за Грција, се истакнува дека за ублажување на грчкиот долг потребно е итно безусловно простување на дел од долгот и дека одлуката на доверителите е од критичнo значење за пазарот.
„Одржливиот долг на Грција“ е насловот на подготвениот извештај во кој се вели дека безусловното простување на долгот до одредено ниво ќе помогне да се намалат трошоците на долгот, а за остатокот на долгот, во согласност со условите на доверителите, би се овозможило ублажување.
Интересен е фактот што овој извештај е презентиран еден ден пред состанокот на министрите за финансии од Еврозоната во Брисел.
На состанокот на министрите за финансии од Еврозоната ќе се разгледаат темите насочени кон макроекономски реформи и усогласување.
На состанокот на министрите за финансии од Еврозоната ќе стане збор и за преструктуирање на долгот со цел да се постигне одржлив долг на Грција.
Грчката влада и доверителите за ублажување на долгот за првпат се сретнаа на 9 мај во Брисел, но на состанокот не беше донесено решение.
Двете страни беа договорени да ги завршат техничките детали на преговорите пред почетокот на следната средба на 24 мај и се обврзаа да се најде решение.
Покрај ова, според информациите кои последните денови се појавија во меѓународниот печат, се дознава дека продолжува недоразбирањето меѓу ММФ и европските доверители.
Минатата недела весникот "The Wall Street Journal" објави дека ММФ прави притисок врз министрите за финансии од Еврозоната, каматата од кредитите или враќањето на главницата да бидат одложени до 2040 година.