Bekim Laci
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Советот на странски инвеститори во Македонија денес ги презентираше податоците од последната анкета за бизнис климата во земјата, според која 68 отсто од странските инвеститори, кои во советот бројат 118 членови, изразија задоволство од очекувањата кои ги имаа во 2015 година, но, исто така, повикаа на решавање на политичката криза, која може да ги попречи проекциите за економски раст на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Советот на странски инвеститори, Стефан Петер, на прес-конференцијата рече дека истражувањето е спроведено во текот на март и април, кога земјата се соочуваше со длабочна политичка криза, која влијаеше врз одговорите на менаџерите на компаниите.
„Според истражувањето, 68 отсто од испитаниците изјавиле дека минатата година ги задоволилa бизнис очекувањата во поглед на исполнувањето на планот. 72 проценти сметаат дека нема да има промени во однос на спроведувањето на планот за работа, 20 отсто очекуваат подобрување, додека осум отсто имаат песимистички убедувањa”, изјави Петер.
Тој, исто така, рече дека според извршните директори на компаниите, столбовите за водење бизнис во Македонија се квалификуваните работници, трошоците за водење бизнис, даночната политика, стабилно функционирање на животната средина и геостратешката положба на земјата и нејзината близина до Европската унија.
Претседателот на Советот на странски инвеститори, Стефан Петер, исто така, зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат компаниите, и рече дека најголемите забелешки се однесуваат на справување со недостатокот на правна стабилност, политичката нестабилност и социјалното незадоволство од борбата против корупцијата, процесот на интеграција во ЕУ, како и некои административни процедури.
Тој додаде дека 68 проценти од испитаниците изјавиле дека честите промени во законодавството без консултации со бизнис заедницата имаат негативно влијание врз нивната работа, додека 84 отсто од странските инвеститори сметаат дека членството во ЕУ ќе ја подобри бизнис климата.
„Ние сите знаеме дека долготрајната политичка криза ќе остави долготрајни последици врз македонската економија. Во таква ситуација на странските инвеститори може да ги откажат своите инвестициски активности во Македонија што ќе биде очекувана реакција. Колку побрзо се стабилизира политичката ситуација, толку побрзо ќе се привлечат нови инвестиции, но тоа, исто така, ќе им помогне на тековните инвеститори да го прошират својот бизнис”, изјави Петeр при што прогнозата на Светската банка за зголемување на македонската економија од 3,7 отсто може да се намали ако политичката криза продолжи.
На крајот, во име на бизнис заедницата, Петeр апелираше за брзо решавање на политичката криза, така што проекцијата на Светска банка да не се промени.
Според Советот на странски инвеститори во Македонија, странските компании вработуваат над 50.000 работници од земјата.